Внукот на Елвис Присли и синот на Лиза Мари Присли, Бенџамин Кеу (27) трагично почина. Според полицискиот извештај, тој се самоубил.

Неговото тело било пронајден во неговиот дом во Калабасас во неделата вечерта.

 

View this post on Instagram

 

Mama Lion with cubs ❤️?????

A post shared by Lisa Marie Presley (@lisampresley) on

“Нејзиното срце е целосно скршено и таа е неутешна, но се обидува да биде силна за нејзините 11-годишни близнаци и најстарата ќерка Рајли. Таа го обожаваше тоа момче. Тој беше љубов во нејзиниот живот”, изјави менаџерот на Лиса Мари за медиумите.

Таа го доби Бенџамин во врската со музичарот Дени Кеу. Претходно зборуваше за сличностите помеѓу нејзиниот син и Елвис, нарекувајќи ја неверојатна.

“Бен многу личи на Елвис. Секој сакаше да фотографира со него бидејќи сличноста е неверојатна. Понекогаш се чувствувам презаситено со емоции кога го гледам”, рече таа.

Полицијата известила дека биле повикани на местото на настанот во 18:30 часот по локално време.

„По пристигнувањето, полицијата ја пронајде жртвата со рана во горниот дел од торзото. Жртвата беше прогласена за мртва на местото на настанот“, објави полицијата.

Бенџамин живеел далеку од очите на јавноста и многу малку се знае за неговиот живот.

Медиумите во 2009 година напишаа дека тој потпишал договор од 5 милиони долари со Универзал, а потоа објавиле дека неговата музика нема да личи на онаа на неговиот дедо. Но, извршниот директор на Универзал, Питер ЛоФраменто, изјавил дека тоа не е точно.

Бабата на Бенџамин, Присила се омажи за Елвис во 1967 година и тие се разведоа шест години подоцна. Елвис почина во 1977 година на 43-годишна возраст.

Нивната единствена ќерка Лиза Мари се омажила за Кеу во 1988 година со кого имала две деца, Бенџамин и Рајли, денес успешен актер. Дваесет дена по разводот од Кеу, Лиза Мари се омажи за Мајкл Џексон со кого беше во брак две години.

Нејзиниот трет брак со Николас Кејџ во 2002 година траеше само два месеци. Четири години подоцна се омажи за Мајкл Локвуд со кого ги има близнаците Финли и Харпер. Тие се разведоа во 2016 година и сè уште се наоѓаат во валкана битка за старателство над нивните ќерки.