Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини Твитер дека на својата платформа ја ограничува видливоста на истакнати републиканци.
– Твитер ги турка на страна истакнатите републиканци. Не е добро. Веднаш ќе ја испитаме оваа дискриминаторска и незаконска пракса, напиша Трамп.
Тој своето тврдење не го поткрепи со докази.