На вчерашната прес конференција на претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Русија, Владимир Путин, имаше и низа интересни моменти. Еве некои од нив:

ПРАШАЊЕ, ЏЕФ МЕЈСОН, РОЈТЕРС: Ви благодарам. Г. претседател, Вие на Твитер напишавте дека ова е глупост и дека Милер истрагата (за мешање на Русија во изборите во САД) е причина за влошувањето на односите меѓу САД и Русиоја. Дали ја сметате Русија за одговорна за било што и ако да, за што ја метате за одговорна?

ТРАМП: Да, ги сметам за одговорни двете држави. Сметам дека САД бие будалести. Сметам дека сите сме биле будалести. Требаше да го имаме овој разговр одамна, уште долго време пред јас да влезам во Белата куќа и сметам дека сите сме виновни и сметам дека САД сега се чекор понапред заедно со Русија и заедно имаме шанси за големи нешта, без разлика дали тоа е спречување на растот на нуклеарното оружје или нешто друго.

Мора да го направиме тоа, тоа е можеби најважното нешто на кое можеме да работиме, но сметам дека двете држави направивме некои грешки и мислам дека истрагата е катастрофа за нашата држава и сметам дека таа не држеше разделени. Немаше никаков заговор и сите го знаеме тоа. Беа истакнати некои луѓе за кои јас знам дека не беа поврзани со кампањата и тие (противниците на Трамп, н.з.)ќе мора да се потрудат повеќе да најдат некој што бил поврзан со кампањата. Тоа беше чиста кампања јас ја победив Хилари Клинтон лесно, т.е ја победивме и срамота е дека можат да бидат лути околу тоа. Луѓето го сфаќаат тоа, но главното нешто околу што разговараме е: има нула заговор и имаше негативно влиајние меѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот. Имаме 90 отсто од нуклеарната моќ во светот и не енормлано, смешно етоа што се случува со истрагата.

ПРАШАЊЕ НА МЕЈСОН: Ако може да го дополнам прашањето: Зошто Американците да веруваат и зошто вие верувате на тврдењето дека Русија не се мешала во изборите во 2016 година и покрај доказите што американските служби ги обезбедија и дали ќе земете в предвид екстрадиција на 12 руски официјални лица кои минатата недела беа обвинети од американската комисија (12 Руси се обвинети дела како разузнавачи учествувале во мешањето на Русија во изборите во САД на кои победи Трамп, н.з)

ТРАМП: Ќе го оставам претседателот (Путин) да го одговори на вториот дел од ова прашање, но како што знате целиот концепт на истрагата се појави малку порано и се појави како причина зошто демократите ги загубија изборите на кои, искрено, требаше да победат, бидејќи електорскиот систем нуди повеќе предности за демократите отколку за републиканците.

Јас верувам дека тоа беше добра изведена битка и добро извршена работа. Но ќе повторувам, немаше ниаков заговор, не го знаев претседателот (Путин), немаше со кого да правам заговор и секогаш кога ќе ги слушнете овие работи знајте дека станува збор за нешто што нема врска. И тие признаваат дека станува збор за луѓе кои не се поврзани со кампањата, но просечниот консумер на медиуми ќе помисли дека тука има нешто. А нема.

ПУТИН: Во врска со тоа на кого да му биде верувано, а кому не, можете да не верувате никому, но од каде ја добивте оваа идеја дека претседателот Трамп ми верува или дека јас му верувам нему. Тој ги брани интересите на САД и јас ги бранам интересите на Русија. Имаме интереси кои се заеднички и бараме точки околу нив кои не поврзуваат. Има прашања каде нашите позиции се разминуваат и бараме начини како тоа да го надминеме. Ние не треба да се повлекуваме пред политичките интереси што ги застапуваат одредени политички сили во нашите земји. Ние треба да се водиме од фактите. Дали може да именувате еден единствен факт кој дефинитивно ќе докаже заговор? Глупост.

Исто како што претседателот пред малку спомена, да мнозинството во САД има создадено мислење за кандидатите за време на кампањата, но нема ништо надвор од нормалните случувања околу тоа. Претседателот Трамп, кога беше кандиадат, ја спомена потребата да се врати нормалниот однос меѓу Русија и САД и јасно е дека одредени делови од американското општсво чувствуваат симпатии кон него и различни луѓе можат да ги искажат своите симпатии на различни начини, но зар не е нормално да се искажуваат симаптии кон личност која е подготвена да ги врати односите меѓу САД и Русија во нормални води? Ги слушнавме обвиненијата за тоа и тие тешко да поминат во американските судови. И нема никакви докази. Како што реков, треба да се водиме од факти,  а не од гласини.

Но, да се вратиме на обвиненијата за 12-те наводно разузнавачки (руски) офицери. Не го знам целосниот степен во кој се наоѓа таа ситуација, но претседателот Трамп го спомена овој проблем и јас ќе го разгледам. Досега, можам да ги кажам следните нешта: Имаме договор од 1999 година за заедничко постапување во криминални случаи и договорот функционира со полн капцитет.

Просечно иницириме околу 100-150 криминални случаи по барање од странски држави. На пример, минатата година имаше случај на екстрадиција по барање од САД. Овој договор има специфични процедури. Ние можеме да понудиме, соодветната комисија водена од специјалниот обвинител Милер, да го искористи овој договор како солидна основа и да испрати формално барање до нас и да бидат испрашани овие лица за кои тој верува дека се вмешани во некој криминал (изборите во САД 2016, н.з.). И нашите служби се перфектно во состојба да го извршат испрашувањето и да ги испратат материјалите до САД.

Исто така можеме да се пресретнеме на половина пат и можеме да направиме уштееден чекор. Можеме всушност да одобриме официјални претставници на САД, вклучувајќи и членови од Комисијата на Милер, да бидат присутни на испрашувањето. Но, во овој случај има услов: ваков труд треба да биде заеднички и ние тогаш ќе очекуваме дека ќе постои реципроцитет и дека наши официјални лица ќе бидат присутни на исптрашувањето на лица во САД за кои ние веруваме дека сториле илегални активности на територија на Русија.

На пример, да го земем господинот Браудер во овој случај. Бизнис соработници на г. Браудер спечалиле околу 1,5 милијарди долари во Русија. Не платиле данок ниту во Русија, ниту во САД, но сепак парите излегле од Русија. Тие биле пренесени во САД. Исплатиле огромно количество на пари, 400 милиони долари, како придонес за кампањата на Клинтон. Е, па, тоа е еден случај. Можно е давањето пари за кампањата на Клинтон да било легален, но начинот на кој се спечалени парите бил илегален.

Со тоа, имаме причини да веруваме дека некои офицери-разунавачи (Американци, н.з.), ги помогнале овие трансакции. И сега имаме интерес нив да ги испрашаме. Тоа може да биде почеток, може да биде прв чекор  кој потоа можеме да го продолжиме. Има многу опции и сите можат да бидат најдени во легална рамка.