Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака ФБИ целосно да ги испита наводите за сексуална агресија против кандидат номиниран од него за Врховен суд, Брет Кавано, но, не сака „лов на вештерки”.

Трамп изјави дека продолжува да ја поддржува номинацијата на Кавано, но, исто така, побара од ФБИ да ги испита обвиненијата од Кристин Близи Форд и уште две жени за сексуално вознемирување од страна на Кавано во студентските години.

Кавано категорично ги негираше обвиненијата, но Сенатот му даде на ФБИ една недела да ги истражи.

Трамп изјави дека сака истрагата на ФБИ да биде комплетна и негираше некои извештаи дека Белата куќа се обидува да го ограничи  опсегот.

– Мојата Белата куќа го прави она што  го сакаат сенаторите, додаде тој. Единственото нешто што инсистирам е тоа да биде брзо, бидејќи доцнењето е неправедно за семејството Кавано, рече претседателот