Една жена и двајца мажи пријавиле дека вчера во Скопје биле искасани од улични кучиња. Во денешниот полициски билтен се регистрирани овие напади и локациите каде што граѓаните биле искасани.
На 25.08.2020 во 11.30 часот во Полициската станица Центар, М.Ч.(47) од Скопје пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.
На 25.08.2020 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, З.С.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник.
На 25.08.2020 во 21.40 часот во Полициското одделение Петровец, О.М.(42) од Крива Паланка пријавил дека во с. Петровец бил каснат од куче скитник.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов подолго време најавува решавање на овој урбан проблем, но досега од ветеното е реализирано само формирањето на ЈП Лајка за решавање на проблемот со кучињата скитници.