Турската полиција смета дека познатиот саудиски писател и новинар на Вашингтопн пост, Џамал Кашоги (50) е убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
– Веруваме дека тоа бил убиство во предумисла и дека тоа телото е дополнително однесено од Конзулатот, изјави полициски извор.
– Полицијата во своите први заклучоци смета дека новинарот бил убиен во Конзулатот од група што дошла во Истанбул со таква намера и се вратила истиот ден, наведе тој извор.
Во Конзулатот на Саудиска Арабија ги отфрлаат тие тврдења и го нарекуваат неосновани. Тие додаваат дека испратиле свој тим иследници за да помогнат во истрагата.
Турција ќе открие детали за исчезнувањето на познатиот саудиски новинар Џамал Кашоги и неговото место каде се наоѓа, соопшти денеска владејачката Партија на правдата и развојот.