Во пресрет на настаните најавени за 20-годишнината на партијата, оттаму не одговараат колку ќе чини прославата и кој ќе ги плати трошоците, објави ТВ Алсат.

Но, како што се наведува натаму во статијата на ТВ Алсат, на социјалните мрежи кружат неофицијални информации дека ангажираните пејачи ќе добијат хонорари од 4.000 до 8.000 евра. Двата концерта најавени за 3 и 4 јуни се зборува дека ќе ја чинат ДУИ околу 100.000 евра.

Телевизијата во својата информација наведува дека „ДУИ молчи за „журката“ од 100.000 евра, а таа е провокација за граѓаните.

„Испративме конкретни прашања до седиштето на ДУИ и до нејзиниот организациски секретар, но се уште не добивме одговор на поставените прашања. Од друга страна, граѓаните се револтирани, поради ваквите скапи организации во ова време на криза велат дека тие се провокација за нив. Тие велат: ‘Секојдневно имаме случаи на функционери, кои живеат во една непостојна реалност и оваа прослава на ДУИ е само продолжение на секојдневното аздисано однесување на политичарите со ншите пари. Во нашите општини многу недостига хигиената, недостигаат корпи за ѓубре, кои чинат малку, а уште помалку има и паркови. ДУИ ја имаат ‘зелената агенда’, но таа агенда ја нема никаде. Зелени останаа само тие во ДУИ. „Со тие пари требаа да му дадат на народот да живее подобро, бидејќи за него нема живот во оваа криза. ДУИ се изгуби себеси, а сега се обидува да добие нешто на митинзите… Владее голема сиромаштија, бараме пари на заем од оние, кои имаат.  Ова е голема катастрофа“, се наведува во подолгиот прилог на ТВ Алсат за јубилејната забава на владејачката партија ДУИ.