За неполни три месеци, Цеца, Кеба, Мартиновик и други балкански естрадни звезди од општините на Источна Македонија извлекоа речиси 150 000 евра. Личниот вкус на градоначалниците, економската логика, но и ривалитетот меѓу општините одлучуваа кој ке ја забавува многуилјадната публика., се вели во прилогот на ТВ Стар.
Прва ѕвезда и оваа година во регионот беше фамозната Цеца чиј концерт на штипската „Пастрмалијада“ беше ударен настан. Колку илјади публика собрала е дискутабилно, но не е дискутабилна цената за која настапила. Нашите извори велат за повеќе од 25, а за помалку од 30 000 евра. Парите се обезбедени пред се од спонзори, но настапот на Цеца бил профитабилен и парите биле вратени.
Вториот атрактивен гостин на „Пастрмалијадата“, Даниела Мартиновиќ за настапот во Штип е платена рамно 9 000 евра и според истите извори и таа за организаторот била профитабилна.
Истата Даниела Мартиновик чие лице низ улиците се уште може да се види беше гостин и на делчевскиот плоштад. Претпоставка е за истите пари, но нејасно е дали била исплатлива или некому направила лично задоволство само да и ја стегне раката.
Во меѓувреме претходно, Галија беше во Македонска Каменица, Ален Исламовик за десеттина илјади евра од блиску го виде Пехчево, Џенан Лончаревик за седум илјади го виде Берово, а популарниот Драган Којиќ Кеба за добри пари, околу 15 000 евра, разбра дека постои општината Чешиново-Облешево.
Во однос на останатите, се издвои Пробиштип кој ги обезбеди Дивље Јагоде и Јелена Томашевиќ, но градоначалникот тврди дека биле исплатливи. Исто како и Штип, на еден или друг начин тие парите си вратиле, а за граѓаните останала добра забава.