Поранешната „спајс девојка“ Викторија Бекам на Инстаграм објави фотографија со својот помлад Убер возач, кој во тој момент не носи маица на себе.
Се работи за нејзиниот син Бруклин, кој штотуку се откажал од њујоршката школа за фотографија, и се вратил во Лондон кај семејството.
Мајката, како што објави „Дејли Меил“, среќна поради таквиот развој на настаните, објави уште неколку семејни фотографии на социјалните мрежи.