Во поголемиот дел од Македонија денеска и утре ќе се задржи многу топло време. Максималната температура денеска ќе достигне до 40-от степен, а утре до 39. УВ индексот ќе биде 9. Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови ќе има и поинтензивни процеси понекаде во форма на невреме со појава на град и засилен ветер.

Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени односно во сабота ќе достигне до 37 степени, недела 35, а од понеделеник температурата повторно ќе се зголемува.