Ураганот Мајкл удри врз Флорида во близина на градот Мексико Бич, а невремето уште повеќе се влошува, објавуваат медиумите.

Дува ветер со брзина од 250 км на час, а НАСА објави снимки од вселената како изгледа „окото“ на ураганот.

– Не можете да се сокриете од поплавата. Бегајте, наредена е евакуација, истакна гувернерот на Флорида, Рик Скот.

Наредена е евакуација на повеќе од 37.000 луѓе, на Флорида е прогласена вонредна ситуација, а истото го сторија и сојузните држави Алабама и Џорџија.

Гувернерот Скот го нарече Мајкл „монструозно невреме“ и апелира граѓаните да ги послушаат апелите на службите.

– Да бидам јасен – невремето со кое се соочуваме за крајбрежните области е смртоносно, порача Скот преку Твитер.