Министерот за здравство Венко Филипче заедно со амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин утре на скопскиот аеродром ќе ја пречекаат првата пратка од руската вакцина „Спутник V“.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, н.е.Сергеј Баздникин, утре (07.03.2021) на меѓународниот аеродром во Скопје ќе ја пречекаат првата пратка вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од рускиот производител Спутник В, информираат од МЗ.