Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево имаше работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“.

Од Министерството соопштија дека разговорите биле конструктивни, а приватните болници изразиле позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата.

-Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш на формализирање на соработката работат тимовите од МЗ и приватните болници – соопштија од Министерството.