Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, синоќа разговараше телефонски со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.На телефонскиот разговор учествуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска, и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, соопшти владината прес-служба.Разговорот беше со фокус на стратешкото партнерство на Македонија и САД и идната соработка и поддршка која ја имаме во насока на остварувањето на нашите стратешки цели. Се раговараше и на повеќе теми како што е справувањето на Владата со енергетската криза, но и за инфраструктурните и енергетски проекти за кои Македонија ќе има силна поддршка од САД. Меѓу останатото, тема на разговорот беше и развојот на Македонија во делот на борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото.На разговорот беше изразено взаемо задоволство од текот на скрининг процесот, а се разговараше и за забрзаната евроинтеграција на земјата како приоритетна стратешка цел на Македонија, а со фокус на реформските процеси кои се случуваат како резултат на истата, соопшти прес-службата на Владата.

Синоќа телефонски со Шоле разговараше и претседателот Стево Пендаровски.