„Вашингтон тајмс“ во денешното онлајн издание објавува коментар во кој се зборува за „Стејт департмент во Албанија кој е инфициран од Сорос“.

Со ова се критикува амбасадата на САД во Тирана која има тотално различна агенда од таа на претседателот на Америка, Доналд Трамп. Конзервативниот весник притоа по име ја наведува Лејла Мозес-Уанс која во моментов е вршител на должноста и на таа функција ќе остане до крајот на годината кога се очекува да дојде новиот амбасадор.

Притоа се посочува на нејзините неодамнешни твитови кои се нарекуваат „ѓаволска агенда“ за слабеење на нејзиниот шеф. Таа ретвитуваше став за избрканиот и посрамен шеф на ФБИ, Џејмс Коми кој кажувал тиради „за нашиот претседател кој најверојатно лаже“.

„Можете ли да замислите шеф на американска амабсада во странска земја активно да е против претседателот на САД и неговата агенда? Сите албански политичари ги видоа нејзините твитови. Што мислите, како тие ќе ги третираат соопштенијата за надворешната политика на Белата куќа кога тие знаат дека локалната амбасада никогаш нема да ги спроведе, па дури и ќе ги пресече сите иницијативи на претседателот во иднина на тој дел од светот“?, наведува весникот, пренесува Албаниан дејли њуз.