„Му благодариме на Бога, што ни даде сила да го пребродиме ова искушение“, напиша таткото на Емир, Алмир.

Емир Буза, деветгодишно момче од Високо, кој боледуваше од редок облик на рак на лимфните жлезди, е излечен! Оваа весела вест на неговиот профил на Фејсбук беше објавена од таткото на Емир, Алмир. Малиот Емир, благодарение на хуманоста на добри луѓе, отпатува за Турција каде што беше излечен.

„Почитувани и драги Фејсбук пријатели, сакаме да ви честитаме на сите Новата 2019 година. Многу здравје, љубов, среќа и над се памет. Денешниот датум ќе остане длабоко врежан во нашите животи.

Ова утро 02.01.2019. ја добивме најрадосната вест … Докторите потврдија дека нашиот Емир успешно е излечен. Не постои  ништо слично за да ја споредиме количината на нашата среќа, радост, солзи, веселба…

Му благодариме на Бога што ни даде сила да го пребродиме ова искушение и што ни даде вакви пријатели. Ви благодарам до небо армијо на добри луѓе и вистински пријатели “, се вели во објавата потпишана од Емир, Ајдин, Неира и Алмир Буза.