Утрово изби пожар во јавното претпријатие Депонија Дрисла кај Скопје, објави Курир.

Како што пишува порталот и како што може да се види од дидеото, високо се издига чад од местото на пожарот.

Очевидци за Курир велат дека пожарот избил денеска рано утрово.

МИА онјави дека мал пожар избувнал утрово на скопската депонија Дрисла кој набргу бил изгаснат од страна на БППЗ Скопје, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Вчера не е регистриран нуту еден пожар на отворен простор.