Дваесет и шестгодишен Германец загинал денеска кога в срце го погодила алканлна батерија од полнач.
Оваа неверојатна несреќа се случила во Хамбург. Полицијата соопшти дека од полнач излетала мала алкална батерија и како куршум го погодила младичот в срце. Несреќата се случила пред очите на неговите 25 колеги, кои не можеле да му помогнат, пренесува „Билд“.
Екипата од Брзата помош се обидела да го реанимира младичот и да го пренесат во болница, но за жал не успеале да го спасат.
Настраданиот бил вработен во компанија која се занимава со соларна технологија. Се уште не е разјаснето како дошло до експлозија на полначот, за што е покрената истрага.