Руската федерација го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог, вели шефот на државата, Стево Пендаровски во интервју за ТВ21 кое ќе се емитува вечерва.

Според Пендаровски, луѓе од други земји се дојдени во Македонија со цел да испровоцираат инциденти.

– Имаме неколку дузини луѓе кои се дојдени од некои од соседните држави и кои се обидуваат да испровоцираат инциденти на протестите. Тие не се наши државјани…“, вели Пендаровски.

Тој додава дека ретко кое момче од 18 години знае што е молотов коктел, да го направи и кога треба да го фрли.

Видеото и опширно интервјуто со Пендаровски може да го отворите ТУКА.