Премиерот на канадската покраина Онтарио, во чии рамки се наоѓа и градот Торонто, на сите Македонци што живеат таму, како и на сите Македонци ширум светот им го честита најголемиот македонски национален празник Илинден!

Инаку, во Торонто живеат голем број кандаски државјани со македонско потекло, а во една хиперболизирана досетка од порано се велеше „Торонто после Скопје е град со најголем број Македонци“.

Видеото со честитката од Форд, која е титлувана и на македонски јазик, може да го отворите ТУКА.