Во рамки на авионската база Орешково во Русија живее тригодишната мечка по име Мансур, пренесува Ројтерс.
Иако сите врабоотени учествуваат во одгледувањето на мечката, животното има специјален однос со еден човек – пилотот Андреј Иванов.
Тој е единственот човек кој може да влезе во кафезот на Мансур и да си игра со мечката без опасност.
Тригодишната мечка тежи 250 кг. и лесно може да се справи со силата на било кој човек. Клучот за нивната врска е комуникацијата, тврди пилотот.
Мечето било пронајдено во 2016 година, само, без шанси да преживее. Пилотите решиле да го земат, да се грижат за него, но се што правеле било во консултација со регионалните биолози.
Иванов изјавил дека месечната издршка за мечето изнесува меѓу 30 и 50 илјади рубљи, односно меѓу 470 и 770 долари и тој самиот тешко може да ги обезбеди средствата. Затоа решил приказната и забавните моменти со Мансур да ги споделува преку канал на You tube за да обезбеди пари. Мечето бргу станало ѕвезда, а бројот на неговите следбеници преку социјалните мрежи се брои со илјадници.