Американскиот претседател Доналд Трамп во Париз се сретна со неговиот француски колега Емануел Макрон, кој се трудеше да покаже дека добрите односи и натаму опстојуваат.

Сепак, говорот на телата и гестикулациите на двајцата претседатели покажуваат нешто друго.

Трамп веднаш по слетувањето во Париз, каде што присуствува на свеченостите по повод одбележување на 100 години од завршувањето на Првата светска војна, на Твитер објави дека предлогот на Макрон за формирање европска војска, за заштита од Кина, Русија и САД е „многу навредлив“.

Двајцата претседатели денеска се сретнаа, но и покрај тоа што Макрон се трудеше со насмевка и физички контакт да покаже дека се е во ред меѓу нив двајцата, Трамп и не изгледаше баш така.

На снимките кои се објавени се гледа дека Трамп остана забележително ладен. Па, не возвраќаше со насмевки, а немаше ниту срдечно ракување.

Ројтерс претходно објави дека двајцата претседатели се согласиле дека е неопходно да се вложат повеќе пари во европската одбрана и со тоа да ги градат односите, но „топлина и натаму недостасува“.