Властите на американската сојузна држава Флорида денеска наложија повторно да се пребројат гласовите на изборите за гувернер и еден сенатор поради мали разлики помеѓу главните кандидати.

Резултатите на новото пребројување на гласовите кое го наложи Кен Декнер, службено лице на Флорида, треба да бидат соопштени нареднава недела.

Според неофицијалните резултати, републиканецот Рон Де Сантис освоил 33.654 гласови повеќе од демократот Ендрју Џилам, што е разлика од 0,41 отсто.

Во трката за сенатор, републиканецот Рик Скот освоил 12.562 гласа повеќе или 0,5 отсто повеќе од демократот Бил Нелсон.

Изборите во САД се одржаа на 6 ноември на половина од мандатот на претседателот Доналд Трамп.