Украинската армија денеска прикажа снимка од уривање на руски воен хеликоптер, пренесе агенцијата Укринформ.

Украинското Министерство за одбрана на Твитер објави кратко видео на кое се гледа падот на наводно рускиот воен хеликоптер.

Хеликоптерот, според снимката, е во низок лет кога од заседа е истрелан проектил кон него од украински систем за противвоздушна одбрана, што исклучително прецизно ја погодува целта.