Кремљ денеска соопшти дека челниците на Западот се однесуваат како бандити, но дека Русија е премногу голема за да биде изолирана бидејќи светот е многу поголем од САД и Европа, пренесоа британските медиуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, утринава на новинарите им кажа дека Западот е ангажиран во економска бандитерија против Русија и дека Москва ќе одговори. Тој не прецизираше каков ќе биде одговорот, но кажа дека ќе биде во согласност со руските интереси.

-Ова не значи дека Русија е изолирана. Светот е преголем за Европа и Америка да изолираат земја, а уште повеќе земја голема како Русија. Има многу повеќе земји во светот, им рече Песков на новинарите.

Песков додаде дека доколку САД воведат санкции врз рускиот извоз на енергија, тогаш тоа ќе предизвика значителен потрес на енергетските пазари.