Премиерот Зоран Заев, освен во соседството, почна да ги пушта и најавените 500 километарски автопати низ Македонија.
Тој денеска на Фејсбук се пофали:
– Автопатот Миладиновци – Штип е пуштен во употреба. Граѓаните добија безбедно, сигурно и брзо автопатско поврзување на главниот град Скопје со источниот регион, каде времето на возење се скратува за 20 до 25 минути. Информации за автопатот: Вкупна должина од 47 км; два коловози со 3 ленти; ширина од 10,7 м; дебелина на асфалт 19 см; еден голем мост на реката Пчиња; 5 други помали мостови; 13 натпатници и 35 потпатници, се пофали Заев на Фејсбук и објави и видео.
Веројатно граѓаните знаат, но Заев во статусот не потсетува дека автопатот кој го промовира е изграден од „режимот“ на поранешниот премиер Никола Груевски, како и блиндираниот „мерцедес“ кој е купен од Груевски и поради истиот е осуден на затворска казна.
Но, сега, Заев ќе може слободно да се вози со блиндираниот „мерцедес“ по модерниот автопат.