Заев и Филипче газат по здравјето и животите на граѓаните кои се жртви на епидемијата, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение од партијата:
За Филипче е поважно да статира во спотови на Зоран Заев отколку да работи на запирање на вирусот.
Додека Венко Филипче тера партиска кампања, се појавува на митинзи и се препукува политички, во Македонија коси епидемијата со корона вирусот.
Во последното деноноќие има 132 нови заболени и 12 починати, а Филипче снима партиски спотови.
Откако Филипче и здравствените власти ги олабавија мерките по нарачка на Заев во Македонија настана новиот пик. Во овие дваесетина дена бројот на заболени се зголеми двојно во споредба со целиот период претходно. Бројот на починати е околу 300, а заболени над 6200. Со тоа Македонија е убедлив рекордер во регионот по заболени и починати на милион жители.
Поради неодговорноста на Филипче, Заев и СДСМ, Македонија е балканска Ломбардија.
Но што друго да се очекува од ваква власт која не се грижи за здравјето и животите на граѓаните. Нив им е битно да тераат кампања, а пред кампањата беа фокусирани на криминал, корупција и рекет. Милионите евра изрекетирани во торби кои според сведоштва завршувале кај Заеви, се позначајни од животот на народот во Македонија. Да имаше Заев одговорност немаше вината за своите неуспеси да ги бара кај народот и политичките противници, немаше да си го пцуе својот народ, па дури и неговите коалициски партнери.
Заев е изгубен политичар и колку порано замине од власт, толку подобро за сите во Македонија, па и за самите членови на СДСМ.
Заев покажаа дека може единствено повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ