ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се посвети на обновата на македонскиот здравствен систем, соопштуваат денеска од партијата.

Текстот од соопштението го пренесуваме во целост:

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе инвестира во здравството. Ветуваме модернизација и реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во рамки на овој проект, предвидуваме модернизација и реконструкција на Градската општа болница „8 СЕПТЕМВРИ“ која ќе функционира како дополнителен клинички центар во Скопје. Довршување на изградбата, опремување и развивање на нова модерна Клиничка болница во Штип. Предвидуваме реконструкција, модернизација и интегрирање на Клиничкиот центар во Тетово, кој ќе прерасне во модерна Универзитетска клиничка болница.

Ветуваме Целосна дигитализација на рецептите, упати, извештаи и резултати ќе спроведеме дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичен лекар, до добивање медицински извештаи. Електронски издадениот рецепт од лекарот ќе може да се подигне во која било аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок.

Концептот на Е-ЗДРАВСТВО ќе биде да се оптимизира здравствениот систем, да се олесни работата на медицинскиот персонал, но и да се скрати бројот на физичко присуство на пациентите во здравствените установи, а во исто време да се зголеми достапноста на здравствените услуги. Здравствениот систем ќе биде оптимизиран со минимум употреба на хартија, по примерот на високоразвиените земји од Европската Унија.

Сите здравствени работници вклучени во борбата со ковид-19 во октомври ќе добијат дополнителни 50% од својот личен доход како мотив да продолжат со борбата против опасниот вирус. Дополнително, вработените на Инфективна клиника и ГОБ „Осми септември“ ќе добијат уште една плата како бонус за натчовечките напори кои ги вложуваат во борбата со вирусот.

По 15 јули почнува обновата.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Цел месец Македонија се бори со трицифрени бројки на заразени од коронавирус

Доктор и министер за здравство да не го интересира здравјето на граѓаните е крајно неетички. Додека колегите колабираат од замор во борба со корона вирусот, да се трча на митинзи за да му се статира на Заев е срамно.

Наместо да се инвестира секој денар во справување со корона кризата, да се злоупотребуваат службени автомобили за одење по митинзи е криминал.

Јавното обвинителство мора да престане да се прави слепо и да ги истражи злоупотребите на Филипче констатирани од ДКСК.

Дури народот заболува и умира, Шекеринска, Филипче и Заев секој ден заглавуваат во афери за криминал, корупција и рекет

Народот виде со каква неспособна власт на Заев, Шеќеринска, Филипче и СДСМ си има работа.

Цел месец Македонија се бори со трицифрени бројки новозаразени што е резултат на нивната лажна нормалност. Последното деноноќие имаше 120 заболени и 5 починати, со што вкупните бројки се 7244 заболени и за жал 351 починат, со што сме црни рекордери во регионот по двата параметри на еден милион жители.

Единствено успешни се покажаа во креирање и заштита на криминални и рекетарски шеми.

Јавноста уште чека одговорност за седенките на Шекеринска со двајцата осудени во случајот Рекет.

Јавноста уште чека одговорност за бизнисот кој му го договарал Заев на про рускиот бизнисмен Дака за кој биле дадени 300 илјади евра.

Јавноста уште чека одговорност за сведоштвото дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај браќата Зоран и Вице Заеви.

Јавноста чека одговорност и за пазарењето со правдата во износи од 4,6,8, милиони евра.

Јавноста чека одговорност за снопчињата пари кои Ден Дончев ги ставаше во својата чанта.

Јавноста уште чека одговорност за сведоштвото дека рекетарско мафијашки групи палеле возила со зелено светло добиено од Вице Заев.

Ете заради ова системот во Македонија е урнисан и државата тоне секој ден со власта на Заев.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ