Второ сведочење во кое што Зоран Заев е директно споменат како глава на политичко-обвинителско-медиумскиот октопод. Втор пат јасно се гледа поврзаноста на Зоран Заев со Боки 13 и нивната координираност во собирањето рекет. Втор пат по ред се потврдува дека Зоран Заев бил во тек со се.

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ и се бара предвремени избори веднаш.

– Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска која се очекува пак да негира дека бил споменат и да ги прикрива трагите што водат кон него. Зоран Заев од ден во ден се повеќе тоне. Во Република Македонија единствено блескаат криминалот, рекетот и изневерените очекувања. Власта наместо да се бори против криминалот, го штити. Четири месеци се развлекува истрагата за случајот Рекет. ЈО ги затвори само директните извршители, а за главата на октоподот се уште нема ни истрага, се вели во соопштението.

Додека криминалот царува, граѓаните гладуваат, се додава натаму.

– Земјоделците плачат и немаат каде да го продадат произведеното. Нема ниту откуп, ниту субвенции. Бизнисмените се рекетирани. Работниците се измачувани. Нема развој. Имаме само стагнација. За 7 месеци од годината немаме ниту 1/4 од годишно планираните капитални инвестиции реализирано. Нема нови проекти. Нема напредок. Буквално целата држава е по јаремот на власта. Времето на оваа власт проаѓа. Одговорност за недомаќинското работење и стагнацијата ќе има. Предвремени избори веднаш, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.