Додека светските лидери во август минатата година договараа испорака на вакцини, Филипче и Заев тераа одмор, за ова одговорност мора да има, се истканува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Го пренесуваме во целост:

Ако САД и ЕУ во август минатата година разговараа и преговараа договори за набавка на вакцини против корона, надлежните во Македонија тераа одмор.

Сега во сите држави се вакцинира и се брои колку од населението е вакцинирано, кај нас нема вакцини.

Во другите држави се разговара за ефикасност на вакцините, кај нас нема за што да се разговара за тоа бидејќи нема вакцини. За граѓаните нема никакви вакцини, а не да имаат избор со каква ќе се вакцинираат.

Во другите држави се прават планови и се разгледуваат новите соеви на корона вирусот, кај нас надлежните ги лажат граѓаните. Ги лажат за тајмингот на вакцинирање, ги лажат за видовите на вакцини.

Светските лидери, а и од регионот трчаат по вакцини.

Макрон им се обраќа на Французите и ги известува до кај е и како тече вакцинацијата, Вучиќ прави се за во Србија да се произведува една од вакцините.

Каде се нашите државни претставници?

Свесни ли се Пендаровски, Заев и Филипче за своите пропусти?

Свесни ли се дека не успеаја да ја набават основната алатка во борбата против корона, вакцината?

По толку лаги Филипче, а и Заев ги нема да кажат нешто за вакцините. Зарем не можат мајсторите за лаги да смислат нова?!

Сите тое се одговорни за загрозување на здравјето на граѓаните.

Сите тие ги оставија граѓаните и без вакцини и им го земаат правото на лекување, правото на избор на вакцина.

За ова мора да има одговороност!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ