На патниот правец Ресен-Охрид на три километри после планинскиот превој Буково се изведуваат работи на пат. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од „Македонија пат“ информираат дека активностите на патот како што се кастрење и поставување на заштитна мрежа ќе траат околу 20 дена.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.