На настанот, во 5 часот наутро во поликлиниката во Аеродром, ќе присуствуваат министерот за здравство и кинескиот амбасадор

Утре рано наутро, во земјава стигнуваат 200 000 вакцини „Синофарм“, за што Министерството за здравство најавува настан во 5 часот во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

Од Министерството посочуваат дека вакцините се купени во директни преговори со производителот.