Штип и Тетово се два града со вкупно стотина илјади жители, а на тамошните медицински факултети, за само една година, дипломирале безмалку 600 студенти. Ако се направи споредба, во Америка дипломираат 8, а во Германија 12 лекари на 100.000 жители годишно. Според експертите, ова е образовна криминална измама, која дополнително го урнисува квалитетот во здравството.

Ако се погледне пошироката слика, а не само статистичките податоци на студенти што зеле дипломи од медицинските факултети во Штип и во Тетово, кои се двојно повеќе од Медицинскиот факултет во Скопје, тогаш тоа и би било некаква утеха дека во иднина ќе се зголеми медицинскиот кадар. Но, реално таков кадар има со лопата да се рине. Главното прашање е – каде е тука квалитетот во работата од кој зависи и животот на пациентите?

Само до пред шест години, на Медицинскиот факултет во Скопје се запишувале вкупно 280 студенти, сите одлични од првиот до последниот. Така барем покажуваат официјалните податоци, кои можат да се пронајдат на ДЗС.

Целиот текст на „ВоШтип“ тука