Во светот, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, починале 4.001.769 лица, а потврдени се 184.971.166 случаи на заразени, покажуваат најновите податоци на веб-страницата на Ворлдметерс (Worldometers).

Во моментов, активни се 11.626.659 случаи на инфекција.

Соединетите Американски Држави имаат најголем број на смртни случаи – повеќе од 621.000, Бразил – повеќе од 525.000 и Индија – повеќе од 403.000.

САД, Индија и Бразил имаат и најголем број пријавени случаи на коронавирус.