Руските военовоздухопловни сили (ВВС) извршија воена вежба во која учествуваа и стратешки авиони бомбардери, што можат да носат и нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Стратешките бомбардери Ту-160 и Ту-95 полетаа од својата база во регионот Саратов и прелетаа над 4.000 километри за да лансираат крстосувачки ракети на полигонот за обука на Арктикот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ракетите ги погодија целите.

Во вежбата учествуваа и бомбардерите Ту-95, кои се лоцирани во база на рускиот Далечен исток.