Украинската војска денеска објави дека уништила руски команден центар на аеродромот Саки на полуостровот Крим во ракетен напад во текот на ноќта.

„Аеродром Саки: сите цели се погодени“, изјави началникот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, пренесува ДПА.

Тој на Телеграм им се заблагодари на украинските пилоти за „одлично завршената работа“ и објави фотографија на која наводно се гледа нападот врз аеродромот Саки.

Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека противвоздушната одбрана во текот на ноќта соборила четири украински ракети над Крим.

Аеродромот Саки беше цел на украински напади и во август минатата година кога беа уништени неколку руски авиони паркирани на отворено.

Фото: МИА архива