Црвениот крст на град Скопје и годинава за 160 деца без родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, организира предновогодишен настан „Волшебна елка на желба“.

– На почетокот на декември, децата ги запишаа нивните новогодишни желби и ги закачија на големата елка поставена во просториите на Центарот, а потоа ги поттикнувавме сите хумани граѓани, компании, организации и институции да ја посетат нашата Волшебна новогодишна елка, да изберат некој од „лампионите“ на кои се запишани желбите, и  да помогнат во остварување на искрените детски желби, соопштија од Црвениот крст на град Скопје.

Подароците, на забавен и весел новогодишен настан, ќе се доделат денеска  со почеток во 11:00 часот, во просториите на Трговскиот центар „Рамстор“, кога сите деца ќе го добијат посакуваниот подарок – новогодишна желба.

Активноста „Волшебна елка на желби“ е иницирана пред 17 години. Идејата е дека секој човек, особено дете, треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници, велат од Црвен крст на град Скопје.

Фото: плакат