Унгарија стана гласноговорник на се поотворениот отпор на диктатот кој доаѓа од Вашингтон и Брисел, што е логично бидејќи на својата територија има моќни инвеститори од останатите големи и моќни држави во светот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го одби налогот од Вашингтон да се спротистави на „кинеската сајбер шпионажа“ и да ја поддржи Украина како противтежа на Русија.

Тој на американските дипломати им порача дека „сака да гради неутрална надворешна политика, по примерот на Австрија, а не да ги исполнува барањата на САД“, објави „Волстрит џурнал“.

Ова не е првпат Орбан отворено да се спротиставува на Американците. Ваков став го отвора прашањето дали сега Американците почнаа и отворено да им наредуваат на другите држави што да работат и дали има и други кои како Орбан ќе покажат непослушност?

Поранешниот амбасадор и претседател на Надворешнополитичкиот круг, Милисав Паиќ, потсетува дека и ќешкиот претседател своевремено го кренал гласот против бомбардирањето на тогашна СРЈ, како и тоа дека имало и други поединечни отпори, но не вака јавно, како што денес прави Унгарија.

– Во овој момент Унгарија е гласноговорник на се поотворен отпор против диктатот кој доаѓа од Вашингтон и Брисел. Треба да се види дали и некои други земји ќе ги поддржат во тоа. Италијанците и резултатите од тамошните избори се всушност одговор на таа земја кон диктатот од ЕУ и САД за тоа каква влада треба да има Италија и тоа веќе се рефлектира во односите со Франција и Германија. Тие што пружаат отпор имаат и јавно изразен интерес за укинување на санкциите против Русија, нагласува Паиќ.

Според неговите зборови, во другите држави, како Романија, нема национален консензус за надворешната политика, а и Унгарија на време сфати кои странски инвестиции треба да ги привлече. Во тој контекст, Паиќ вели дека е логично тоа што официјална Будимпешта не сака да молчи пред Америка, зашто на својата територија има моќни инвеститори на големи и моќни држави во светот.

– Секако дека одлуката на Орбан во врска со Украина и Кина, која е спротивставена на интересите на САД, не е случајна. Унгарија има сопствени проблеми со Украина и положбата на унгарското малцинство во таа земја, додека Кина е голем инвеститор во Унгарија, а покрај Србија, тие со Кинезите се дел од иницијативата „16 плус еден“, вели соговорникот.

Паиќ напоменува дека зад предупредувањата од САД за „кинеската сајбер шпионажа“ се крие трговска и технолошка војна на Америка и Кина. Тоест, Америка пробува да го ограничи ширењето на кинеската компанија „Хуавеј“, кој е една од водечките производители на мобилна телефонија, бидејќи тврдат дека кинеската влада со продажбата на „Ајфон“ пробува да оствари некои свои предности на планот стекнување информации.

Тој истакнува дека повеќе од државите од опкружувањето на Унгарија не добија тоа што очекуваа од влегувањето во ЕУ и во НАТО и дека поради тоа постои големо разочарување. Поради тоа притисокот од Америка е видлив и според политичките компромиси кои ги прават државите, како Бугарија, Грција и Романија, затоа што економски не се моќни како Унгарија.

– Едноставно, тоа потпирање на ЕУ, која и сама внатрешно е поделена и со големи проблеми, на Унгарија не и носи економски напредок каков што очекуваше кога влезе во ЕУ. Што се однесува до САД, сите тие земји ги сметаат за помлади партнери бидејќи се членки на НАТО, за кои се претпоставува дека мора да ги следат наредбите од Вашингтон, додава Паиќ.

Тој вели дека дополнителната моќ на Унгарците е во тоа што нивната дијаспора има поволна позиција во Америка, која е многу влијателна етничка заедница и која ја поддржува официјалната политика на Унгарија.

„Волстрит џурнал“, кој ја објави целата сторија, пишува дека унгарскиот премиер привлекува кинески инвестиции во информациската инфраструктура на земјата, а исто така се противи на преговорите меѓу НАТО и Киев на министерско ниво.