Времето во Република Македонија претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе биде посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, претпладне умерено облачно, во текот на денот сончево и ветровито со повремено засилен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 21 степен.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нула степени. Во вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.