Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини.

Попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб, во источните делови умерен ветер од југоисточен првец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 13 степени, а дневната температура ќе се движи од 13 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб, во источните делови умерен ветер од југоисточен првец.

Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 19 степени.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд.