Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ индексот е 6.

Утринската температура ќе биде од 9 до 19 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 33 степени Целзиусови. Во Скопје и околината утринска температура од 17 и максимална дневна 31 степен.