Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени

За време на викендот ќе преовладува сончево време и претежно во планинските региони попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од недела претпладне и во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер и тогаш температурите повторно ќе бидат пониски (за 3 до 5 степени). Потоа следува период на постабилно време со постепен пораст на температурата.