Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со умерен, а претежно долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени, UV=9.

Во Скопје сончево и топло со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 60 km/h) најизразен во Повардарието што ќе услови благо намалување на утринската и дневната температура.

Утрово најниска температура од 10 степени е измерена во Лазарополе и на Попова Шапка. Следат Крива Паланка и Маврови Анови со 12 степени, 14 во Крушево, 15 Берово, 16 Тетово, Куманово, 17 Претор, Битола, 18 Скопје-Петровец, Охрид, Дебар, 19 Штип, Струмица, 20 Скопје–Зајчев Рид, Прилеп, Виница, Велес, 22 во Демир Капија, Кавадарци и Дојран и 25 во Гевгелија.