Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а дневната од 27 до 32 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.
Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, а во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.