Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од два до 10, а максималната температура од 23 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со минимална температура од девет и максимална до 28 степени.

Продолжува периодот на сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.