Најстудено утринава е во Берово каде се измерени -9 степени, а под нула се температурите и во поголем дел од земјава, освен во Претор и Гевгелија.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утринава на повисоките места е ведро, а само во Крива Паланка дува ветер со повремено умерен интензитет. Магливо е во делови од скопско, Демир Капија, Битола и во Струмица.

Во текот на денот се очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени. Во Скопје, наутро магливо и студено, а попладне со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне 9 степени.