Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од минус 4 степени до нула степени, а дневните од нула до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Утринската температура ќе биде нула степени, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Најниска температура во земјава изутринава е измерна на Попова Шапка -9 и во Маврови Анови -7. Во Крушево се измерени -3, во Претор, Берово и Охрид -1, а нула степени во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Битола, Скопје-Петровец. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални 4 степени се измерени во Дојран и Гевгелија, соопшти УХМР.

Во Маврови Анови наврна најмногу снег 61 сантиметар, во Крушево снежната покривка е 56, во Ѓуриште 36, во Пожаране 34, а во Битола 7 сантиметри.

Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Дојран 7 литри на метар квадратен, потоа во Тетово 6, Штип и Пожаране 5, а најмалку во Скопје – Петровец, Попова Шапка, Битола и Прилеп – 1 литар.

Врнежите престанаа во вечерните часови, а преку ноќта преовладуваше значително облачно време, тивко и не многу студено. Во текот на ноќта се појави магла во источниот дел од Скопско, а магла има утринава и на повисоките места од ниската облачност. Слаб дожд има утринава во Демир Капија и Скопје – Петровец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, главно во западните делови и на крајниот југоисток со врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд кој повремено ќе преминува во снег. Максималната температура ќе достигне 4 степени.