Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

На повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната од 8 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.