Времето во Македонија ќе биде  сончево  со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, сончево и по малку магливо со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Ќе продолжи периодот на сончево време со студени утра. Понекаде во котлините во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Во вторник се очекуваат врнежи од дожд проследени со засилен ветер.