„Не е сигурно“ дека Унгарија треба да ја одобри ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО, изјави претседателот на унгарскиот Парламент за локалната телевизија HirTV доцна синоќа, сигнализирајќи за можно дополнително одложување на процесот.

Унгарскиот процес на ратификација е закочен во Парламентот од јули 2022 година, а Будимпешта изрази загриженост за членството на Шведска во НАТО поради критиките на шведските политичари за демократско назадување на Унгарија.

Турција и Унгарија се уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

„Не ни треба сојузник кој така размислува за нас“, изјави Ласло Ковер.

„Не е сигурно дека ќе гласаме за Шведска во НАТО“, нагласи тој.

Тој мислеше на краткиот шведски едукативен филм за студенти кој ја критикува состојбата на демократијата во Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто веќе испрати отворено писмо до својот шведски колега во кое нагласува дека барањето унгарскиот Парламент да го ратификува членството на Шведска во НАТО и нападот врз унгарската демократија се меѓусебно контрадикторни.

Шведска и Финска аплицираа за НАТО минатата година по руската инвазија на Украина.

Финска доби зелено светло во април, но Шведска ја кочат Турција и Унгарија.